| четврток, 6 декември 2018 |

Њукасл го елиминира Сити, Тотенхем во четврт-финале

Уште три натпревари од осминафиналето од Лига-купот на Англија беа одиграни вчера, а најголемо изненадување беше победата на Њукасл на гостински терен над актуелниот шампион Манчестер Сити со резултат 2-0.

Гостите веќе во шестата минута со голот на Аронс најавија изненадување, а конечниот резултат го постави Сисоко во 75. минута. За разлика од гостите што играа со неколку замени, екипата на Пелегрини на теренот излезе во најсилниот можен состав.

Саутемптон продолжува со одличната игра, синоќа славеа на гостувањето во Стоук со резултат 3-2, а најзаслужен за победата беше напаѓачот Пеле кој постигна два погодока од кои едниот им ја донесе триумф.

Победа забележа и Тотенхем, а повторно на теренот најдобро се покажа дуото Ламела-Кејн кои постигнаа по еден погодок во триумфот над Брајтон.

Покрај Њукасл, Саутемптон и Тотенхем во четврт-финалето ќе играат и Челси, Ливерпул, Дерби, Шефилд Јунајтед и Борнмут.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top