| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на Дениса се враќа дома на трошок на државата

denisaТелото на 23-годишната Дениса Марковска ќе го транспортира грчка погребална компанија најдоцна до понеделник. Трошоците ги покрива Министерството за надворешни работи, а телото ќе оди на обдукција во судска медицина во Скопје, објави ТВ „Алфа“.

Информациите за „Алфа“ ги потврдија семејството и МНР.

Незадоволни од досегашната истрага што се води во Грција, родителите на девојката планираат приватна тужба против руската компанија и капетанот на бродот „Серенисима“. Токму заради тоа семејството очекува од македонските власти да им помогнат да ги добијат сите документи и наоди од крајбрежна стража со кои би ја поткрепиле тужбата.

Истрагата во обвинителството на Крит сè уште трае. Две паралелни истраги не можат да се водат и покрај тоа што се работи за македонски државјанин, вели за „Алфа“ државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

– Немам причина да се сомневам во исправноста на постапката – е ставот на обвинителот. Дека нешто се презема во грчкото обвинителство со случајот „Дениса“ на Зврлевски му е доволно тоа што бил побаран примерок за ДНК-анализа.

Причините за смртта на прилепчанката што исчезна од бродот на кој работела и чиешто тело беше пронајдено во морските води и натаму, барем официјално, се непознати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top