| четврток, 6 декември 2018 |

Русија успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета „Булава“

ракета

Руската воена флота од водите на Баренцово Море успешно истрела интерконтинентална балистичка ракета „Булава“ кон полигон на Полуостровот Камчатка, пренесе ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Ракетата била истрелана од атомската подморница „Јуриј Долгоруки“ од подводна позиција.

Боевите глави на ракетниот комплекс успешно стигнале на полигонот во Камчатка.

Од прес службата на министерството забележуваат дека за првпат при пробно тестирање на „Булава“ подводниот команден брод од класата „Бореј“ во себе имал полн борбен комплет со 16 ракети.

Актуелното тестирање беше решавачко за потврдувањето на капацитетот на ракетата, на која Кремљ смета дека ќе биде значителен дел од борбениот потенцијал на земјата.

Многу од претходните тестирања во изминатиот период од над 10 години, беа неуспешни и го појавија сомнението во способноста на Русија да го приврши својот амбициозен проект. Серија тестирања, извршени во последните години, меѓутоа, беа успешни и руската воена морнарица денеска располага со три нуклеарни подморници, способни да носат ракетни комплекси „Булава“, забележуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top