Со победа од 27-20 против Швајцарија, македонската ракометна репрезентација успешнон ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска за две години.
Победата е остварена со доза на рутина, а нашите ракометари на моменти прикажаа мошне атрактивна игра, наградена со ефектни голови.
Во вистински елемент особено беа Кирил Лазаров кој постигна речиси половина од головите, или поточно 13, од нив 9 од седмерци во 10 обиди и Борко Ристовски со 15 одбрани.
Четири погодоци постигна крилото Дејан Манасков, а по двапати во листата на стрелците се запишаа Вугринец, Стоилов и Миркуловски.
Гостите се обидоа да пружат посериозен отпор, но јасно е дека Швајцарија тешко ќе се носи со останатите три репрезентации во оваа група. Шмит постигна 4 гола и беше најефикасен поединец кај поразената селекција.
Утре Франција ќе игра дома против Чешка, а следниот меч Македонија ќе го игра в недела во Злин против Чесите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



