| четврток, 6 декември 2018 |

Какаото ја подобрува меморијата

какао

Какаото содржи биоактивна состојка која ја подобрува меморијата, која слабее со годините, покажува новото американско истражување.

Научниците од Универзитетот Колумбија спровеле истражувањето врз 37 здрави доброволци на возраст меѓу 50 и 69 години, кои биле поделени во две групи. Секој ден во текот на три месеци научниците им давале какао пијалаци, кои не се пуштени во продажба во продавниците.

Едната група консумирала 900 милиграми флавоноиди дневно, а другата само 10 милиграми. Ако во почетокот на студијата, учесниците имале меморија на 60-годишен човек, тогаш три месеци подоцна тие веќе паметеле како 30 или 40-годишен човек.

За време на експериментот бил забележан дел од мозокот кој е одговорен за меморијата и е исклучително чувствителен од времето.

Специјалистите велат дека освен во какаото, флавоноиди се содржат уште во некои видови на чај, овошје и зеленчук како јаболка, грозје и боровинки. Освен врз меморијата корисните соединенија се поволни и за срцето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top