| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија сигурно чекори, на полувреме водиме со 12-8 против Швајцарија

Македонија сигурно чекори кон првата победа во квалификациите за пласман на ЕП во Полска, а по првото полувреме водиме со 12-8 против Швајцарија.

Во салата „Борис Трајковски“ домаќините предводени од капитенот Кирил Лазаров уште од стартот најавија дека се фаворити и дека ќе атакуваат на првите бодови во групата во која се и Франција и Чешка.

Водевме и со 5 гола разлика, но во финишот Швајцарците се заканија и намалија на 7-10. Сепак Македонија не дозволи ривалот да се доближи на уште помала разлика, па вториот дел ќе го почнеме со предност од 12-8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top