На Бит-пазар денеска беше спроведена акција на инспекторатот за земјоделство против дивите продавачи на режан тутун.
Акцијата била поддржана од МВР при што биле одземени повеќе од 200 килограми режан тутун.
– Државниот инспекторат за земјоделство, во согласност со Законот за тутун, направи контрола на Бит-пазар со цел да утврди дали се продава режан тутун или качак бидејќи тоа е спротивно на Законот за тутун. Одземени се повеќе од 200 килограми режан тутун од тројца познати и четворица непознати сторители – истакна Румен Стаменов, главен инспектор во Министерство за земјоделство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?