| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЦБ: Банките на еврозоната ги олеснија условите на кредитирање

ecb

Ослабениот европски финансиски сектор покажува знаци на опоравување, а условите за добивање банкарски кредити се олабавени и побарувачката за кредити расте, покажуваат податоците од денеска објавените резултати на анкетата на Европската централна банка (ЕЦБ).

Најновата квартална анкета на институцијата зборува дека банките ги олеснија условите за одобрување на кредити во речиси сите кредитни категории.

– Според октомвриската анкета за банкарското кредитирање (БЛС), кредитните стандарди за сите категории на кредити се олеснети во третото тримесечје во 2014 година. По вторпат по ред еден мал нето процент на банки на еврозоната (3,0 отсто по 2,0 отсто од претходното тримесечје) пријавиле олеснување на кредитни услови за одобрување кредити на претпријатијата – се наведува во извештајот на ЕЦБ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top