| четврток, 6 декември 2018 |

Свадба без младоженец за 2750 долари

_women18ч

Јапонска фирма им нуди на дамите да ја доживеат целосната емоција од свадбата, без да мора да се врзуваат за живот со маж. Услугата предвидува соло венчавки на невести, без младоженец. Идеата е на компанијата Cera Travel од градот Кјото.

Соло венчавките вклучуваат дводневно свадбено патување, а “прва брачна ноќ ” се организира во луксузен хотел. Клиентката ја избира својата венчаница и бидермаер, фризура и изнајмување личност, кој ќе фигурира на свадбената фотографија. Услугата започнала да се нуди во месец јуни и се користи со голем успех. Неа можат да јакористат јапонки кои немаат шанса во скоро време да си најдат партнер или разведени дами, кои сакаат да ја доживеат повторно свадбената емоција. Меѓу клиентките спаѓаат и жени кои се премногу ангажирани во бизнисот и немаат време за губење.

Брачното доживување без младоженец чини 2750 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top