Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2016 година. Прв противник е репрезентацијата на Швајцарија која ќе се обиде да ни ги помати сметките во групата во која се уште фаворитот Франција и селекцијата на Чешка. Двете најдобро првопласирани репрезентации директно ќе земат учество на континенталниот собир на почетокот на 2016 година што ќе се игра во Полска.
Селекторот Ивица Обрван го објави списокот на 16 ракометари на кои ќе смета на првиот натпревар. Тој се насочува кон проверени сили со цел со победа да ги започнеме овие квалификации. Македонија вториот натпревар од групата го игра на 2 ноември во Чешка.
Голмани: Борко Ристовски, Петар Ангелов,
Бекови: Кире Лазаров, Филип Лазаров, Немања Прибак, Наумче Мојовски, Филип Миркуловски, Ренато Вугринец, Велко Марковски, Ацо Јоновски,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлевски, Гоце Георгиевски, Златко Мојсовски,
Пивоти: Никола Марковски, Стојанче Стоилов.ж
Во составот го нема искусниот Ванчо Димовски кој е поштеден од овој натпревар бидејќи е многу попотребен за следниот дуел во Чешка. Од списокот испаднаа и младите Филип Талевски и Марко Нелоски како и третиот голман Никола Митревски.
Според информациите повеќе од 5.500 влезници се продадени за денешниот меч. Билетите се достапни за купување во продажната мрежа на МКтикетс и билетарата на СЦ „Борис Трајковски“. Цената на влезниците се 100 и 200 денари во зависност од трибината. Натпреварот започнува во 17.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.