За два дена, 27 и 28 октомври, на телефонската линија „Ало докторе“ се јавиле 295 граѓани на Македонија.
Седумнаесет доктори специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
На сите граѓани кои побарале помош од докторите на линијата Ало докторе им е даден медицински совет, а ако било потребно и симптоматска терапија, а за едно лиџе поради симптоми на градна болка повикот му беше пренасочен кон службата за итна медицинска помош.
Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните на телефонската линија 15123 Ало докторе биле за здравствени совети во врска со кашлица, стомачни тегоби, високи телесни температури и пациенти кои е јавиле во повикувачкиот центар на кои им бил потребен психијатриски совет.
Директорката на Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски, д-р Јасмина Чабуковска, ќе биде дежурна денеска од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе, а утре за медицински совет ќе биде достапна д-р Билјана Илиевска Поповска, директорка на Институтот за ТБЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.