| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на МАНУ на конференција за Првата светска војна

MANU-Makedonska-akademija-na-nauki-i-umetnosti-480x360

Делегација на Македонска академија на науките и уметностите, од утре до 2 ноември во Берлин ќе учествува на конференција по повод 100-годишнината од Првата светска војна.

Конференцијата е во заедничка организација на МАНУ и Научното друштво од Берлин „Лајбниц“, кои се домаќини на собирот.

Во македонската делегација се претседателот на МАНУ Владо Камбовски, секретарот на Одделението за уметности на МАНУ Луан Старова, професорот во Институтот за национална историја Марјан Димитријевски, професорот на Филозофскиот факултет во Скопје Далибор Јовановски и советникот за меѓународна соработка во МАНУ Гоце Алексоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top