Ракета носач “Антарес” со американскиот товарен брод ” Сигнус ” експлодирала за време на лансирањето од космодромот на НАСА на остров Уолопс, крај брегот на Вирџинија. Лансирањето на ракетата се емитувало во живо на сајтот на НАТО.
Ракетата експлодирала веднаш по лансирањето, успела само малку да се издигне над земјата, по што се разнела. За настрадани и штети на космодромот, како и за причините за инцидентот , нема информации. “Сигнус” требало да достави на Меѓународната вселенска станица 2 тони товар, вклучувајќи храна, опрема и материјали за научни експерименти. Компанијата Orbital Sciences, која ја има изградено разнесената ракета – носител ” Антарес ” (Antares) со приватниот брод “Сигнус” (Cygnus), ќе ги разјасни причините за тоа што се случило и откако ќе го реши проблемот, ќе продолжи со својата работа.
На специјална прес-конференција во НАСА потпретседателот на “Антарес”, Франк Калбертсон објаснил дека активно се работи на разјаснување на инцидентот. Нема настрадани луѓе, но се предизвикани големи материјални загуби. Помалку од девет часа по овој инцидент кон МВС треба да тргне руска ракета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ким го лажирал лансирањето на ракетите? Стручни лица најдоа грешки на фотографиите
-
Истражување на НАСА: Дубровник ќе биде потопен поради глобалното затоплување
-
НАСА откри ново вселенско тело во Сончевиот систем: Ова го чекавме со децении
-
Последниот нуклеарен тест на Северна Кореја е двојно посилен отколку што мислиме