| четврток, 6 декември 2018 |

Како од лажгото да ја извлечеш вистината

lazga

Секој лаже, а најмногу тие што кажуваат дека никогаш не лажат! Статистиката покажала дека мажите лажат шест пати дневно, а жените трипати

Некои лаги се мали како на пример „Воопшто не си се променил/а за сиве овие години“, „Извинете што доцнам, но сообраќајот беше ужасен!“, а некои се недозволиви, груби и болни. Интересно е што новата личност која што ќе ја запознаеме, може да ја излажеме дури трипати во рок од десет минути. Ако се сомневате дека вашиот партнер лаже, применете ја следната стратегија:

Бидете искрени кон себеси

Како прво, мора да престанете да се лажете себеси и да ги отворите очите, да не го буткате проблемот под тепих. Треба да си кажете – да мојот партнер можеби ме лаже и време е да утврдам дали сум во право или не.

Бидете директни

Дури и на најумешниот лажго му е тежко да ве излаже, а да не трепне, доколку го прашате нешто директно. Тие супер „пливаат“ во нејасни ситуации, но ако на пример сакате бебе, кажете отворено: почнуваме од вечер драги/а. Е тука нема мрдање, ако каже дека ја боли глава, или дека имал напорен работен ден, дајте уште една шанса, но толку. Секако дека следното одбивање е знак дека таа личност лаже и дека всушност не сака дете со вас.

Не учествувај во измама

Доколку приметите дека вашиот партнер лаже некој друг, тоа дајте му го јасно до знаење. На тој начин на тој или на таа ќе им биде јасно дека лагите не функционираат и кај вас.

Каков почеток таков крај

Ако вашата врска е почната од скоро, веднаш на партнерот дајте му на знаење дека лагите не доаѓаат во обзир. Исто така бидете спремни и да одговорите и вие на тоа барање – немојте ниту вие да лажете!

Не очекувајте премногу

И на крај, но не и најмалку важно, имајте на памет дека на лажговците им е тешко да се поправат во тоа, но тоа не значи дека не требате да му/и дадете шанса, но сепак….

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top