| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Замбија починал во Лондон

Мајкл Сата

Мајкл Сата

Претседателот на Замбија Мајкл Сата починал во Лондон, соопштуваат денеска замбијски медиуми.

Мајкл Сата бил на Островот, за да се лекува од непозната болест. Претстои седница на замбијската влада. Засега нема официјална информација од претставници на властите во главниот град Лусака. Минатиот месец поради малаксаност 77 годишниот претседател не успеал да одржи говор на 69- тата седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тогаш во неговата хотелска соба биле испратени лекари од Стејт департментот на САД, кои му покажале медицинска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top