| четврток, 6 декември 2018 |

„Јутјуб“ ја разгледува можноста за наплаќање на содржините

you

„Јутјуб“ би можел наскоро да почне со наплаќање на гледањето на содржините, што ги објавува во замена за отстранување на рекламите, изјави неговата директорка Сузан Војцицки.

– Посетителите на порталот во иднина би можеле да избираат меѓу рекламите или можноста да го платат гледањето на содржините – истакна Војцицки на конференција во САД.

„Јутјуб“ сега се финансира со наплаќање кратки реклами, кои посетителите на веб-сајтот мора да ги погледнат пред да го видат видеото што го барале.

– Размислувам за тоа на корисниците да им го препуштиме изборот – изјави директорката на „Јутјуб“.

Таа рече дека има корисници кои се подготвени да платат за да не ги гледаат рекламите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top