| четврток, 6 декември 2018 |

Се испијанил и заспал во погрешна куќа

pijan

Дваесет и шест годишниот Американец, Тајлер Саливен, бил уапсен во алкохолизирана состојба откако влегол во погрешна куќа и си легнал на креветот покрај сопственикот.

Сопственикот кој веќе спиел на креветот, кога се разбудил се шокирал и веднаш повикал полиција, пренесуваат американските медиуми.

Според полицијата, Саливен мислел дека влегува во куќата на својата мајка во Клинтон, во сојузната држава Конектикат. Сопственикот на куќата, кој се разбудил целиот збунет му кажал на Саливен да го напушти неговиот дом, но тој одбивал. 

Сопственикот потоа повикал полиција и го уапсиле Саливен кој цврсто одлучил да спие во креветот кој го нашол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top