| четврток, 6 декември 2018 |

На барање на семејството, нема да се соопшти од што починал Колин Џефри за кој се сомневаше дека има ебола

hotel-super-8----2

Причината за смртта на Британецот кој ја крена Македонија на нозе поради сомневање на ебола нема јавно да биде соопштена. Семејството на починатот британски бизнисмен Колин Џефри не сака да биде обелоденето од што точно починал.

Обдукцијата и неопходните микроскопски анализи на Инстититот за патологија се завршени. Меѓутоа како што дознава „здравство24.мк“ од извори од Клиничкиот Центар, семејството побарало дискреција за резултатите.

Неофицијално немал заразно заболување, но официјално јавноста нема да дознае од што пред 20-тина дена почина британскиот бизнисмен, кој како сомнителен случај на ебола направи паника во земјава.

Во Македонија беа присутни бројни телевизиски екипи од регионот и пошироко, а случајот се најде на насловните страни во многу светски медиуми. Дилемата ја реши резултатот од лабораторијата во Хамбург кој потврди дека Џефри не починал од ебола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top