
Именувањето на Крег Шекспир за нов менаџер на актуелниот англиски шампион, Лестер Сити се испостави како вистински потег на раководството на „лисиците“.
Иако беа мета на остри критики за отказот на Клаудио Раниери, резултатите кои ги бележи Лестер по заминувањето на Италијанецот се доказ дека челните лица на шампионот не погрешиле, бидејќи Шекспир едноставно го препороди тимот.
Самодовербата и мотивацијата е вратена кај фудбалерите на Лестер и нивната игра наликува на онаа од минатата сезона. Во последните четири натпревари под водство на Шекспир, Лестер извојува исто толку победи и со овој учинок запиша нова страница во историјата на Премиер лигата – станувајќи првиот Британец со ваков успех.
„Лисиците“ во последните четири натпревари стигнаа до лесни победи над Ливерпул, Хал Сити, Вест Хем и Стоук Сити и со 33 бода избегнаа од опасната зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата


