Славчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО ДПМНЕ и кандидатите за советници чиј ностиел на листата е Александар Колев денеска го отворија централниот штаб кој се наоѓа во близина на Младинскиот парк во Велес.
– Горд сум што имам сограѓани како Вас, сограѓани кои ми даваат поддршка и исклучително голем мотив да верувам во перспективата и иднината на Велес. Кога гледам толку многу народ, знам дека го правам вистинското нешто – истакна Чадиев.
Поддршка за Чадиев и за ВМРО-ДПМНЕ изразија и личности кои во градот се признати и истакнати по својот професионален интегритет но, и по своите човечки квалитети. На промоцијата присустуваа Јордан Витанов, директор и актер во Велешкиот театар, потоа доцент д-р Бошко Караџов, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ, Ангел Коруновски, врвен и признат уметник во државата, кој упати пофални зборов кон кандидатот за градоначалник.
Панче Ќумбев, најпознатиот спортски амбасадор од градот и поранешен член на фудбалската репрезентација се заблагодари што е дел од победничкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ како дел од советничката листа и вети дека ќе стори се за издигнување на спортот на највисоко ниво.
Благој Кочов, потпреседател на Асоцијацијата на пензионери истакна дека велешките пензионери во ВМРО-ДПМНЕ и во Чадиев гледаат партнер во поддршката за нивните интереси.
Д-р Петре Кодовски, еден од најдобрите 40 лекари во државата изрази задоволство што е личен пријател со Чадиев и дека токму тој во моментов е вистинскиот избор за градот.
Поддршка стигна и од Д-р Панче Дебарлиев, угледен стоматолог во Велес, како и од Валентин Миланов успешен стопанственик, кои упатија позитивни зборови за човечките квалитети кои ги поседува идниот градоначалник.
На отворањето на централниот изборен штаб присуствуваше и Ѓорѓи Коџабашиев, пратеник во македонското собрание. Тој истакна дека е сигурен во победата на ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори.
– Горд сум и исправен пред сето она што заедно со мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ го направивме во изминатите години за граѓаните на Велес – рече пратеникот Коџабашиев.
Александар Колев, носителот на листата за советници на Велешани им порача дека чувствува голема одговорност, да предводи листа составена од врвни професионалци, образовани, трудољубиви и посветени работници, но пред се обични, народни луѓе. Луѓе кои го сакаат Велес, луѓе кои се постојано со своите сограѓани. Тој ги повика своите сограѓани да се придружат во идеата за поубав Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата