| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчкоски го зеде Героски во „Дневник“ затоа што „исполнува, а не прашува“ (видео)

Го прашав Фрчкоски „Што ќе ти е Бранко Героски“. Ми рече „Затоа што исполнува без да прашува!“. Тоа беше кусиот одговор. Затоа е направен „Дневник“, за специјални дејствија, посочува за Република новинарката Мирка Велиновска

-Фрчкоски имаше амбиции да ја преземе Нова Македонија, да го урне Панде Колемишевски, ние пуч да направиме. Тој се обиде со фино. Бевме свикани во негова канцеларија и тоа во „шарен“ состав. Јас, Александар Чомовски, Сашо Ордановски други. Бараше „тој да го тргнеме, сталинист, нови ветрови..“.

Треба да знаете дека тоа што Сорос сега го прави го правеше кај нас МВР, односно УДБА. Во „непослушните“ весници, како Пулс што беше, што не можеше никој да го кнтролира, ако бевме во истот НИП, имавме човек од МВР, кој страствено пишува колумни, вести, или оди на кафе со колеги, никој не знае зошто. Ни парадираа различни. Фрчкоски во тоа време ни го постави Зоран Јачев. Потоа „Транспаренси Македонија“ го водеше заедно со Слаѓана Тасева. Службеник в работен во УДБА. Во Пулс ни седеше. Имавме и други, еден потоа беше портпарол на Бучковски.

Многу интересно, дел од нив ги носеше Фрчкоски, а подоцна удел во ова имаше Доста Димовска. Сосема од другата страна. Интересно, тие два лика ги имаа истите пријатели во медиумските простори и оние меѓу себе беа пријатели. Истите новинари што беа блиски со Фрчкоски, подоцна ја викаа „Сестра Доста“. И истите тие работат сега во „соросовите мрежи“. Па сега кој може „да црта убаво“ може да види што се случувало во таа транзиција. И сите не случајно се уредници.

И како настанува „Дневник“?

-Еве вака. Ти требаат пари, парите ги обезбеди Сорос; И црните пари од МВР непријавени; И ти требаат три- четири „клена“ кои се подготвени тоа да го работат, а да не прашуваат многу.

Еве од прва рака. Јас го прашав министерот Фрчкоски, заедно со Елеонора Каранфиловска. Кога одлучи, затоа што ние пуч не направивме. Чомовски бриљираше иако беше човек од надвор, од МТВ. Му рече „Вие сте ненормални, ние пуч да правиме во Нова Македонија?“

Ние најмногу сме го „пцуеле“ Панде Колемишевски, ич не сме го сакале, бидејќи ти е директор, тутор над глава, но некој да ти сугерирта од надвор, тоа ти е како странска држава, дрѓжава да ми каже „смени го овој“- Пуч не правиме. Ако сакавме да го смениме, ќе го сменевме кога сакаме. Ние го браневме интегритетот на нашата куќа. Со историски терет е таа куќа, од Горно Врановци, како весник, името мора да го браниш.

Овие од Вечер, блиски по разни основи, двајца, тројца, четворица, си отидоа, си го одработеа проектот, но Фрчкоски ми рече; јас го прашав „Што ќе ти е Бранко Героски, јас сум го примала на работа во Вечер, доѓаше пред комисија, знам каков е, кој е, зошто ти е овој човек?“. Ми рече „Затоа што исполнува без да прашува!“. Тоа беше кусиот одговор. Затоа е направен Дневник, за специјални дејствија. Вие мислите дека е за демократија. Не. Луѓето кои беа поставени таму, капацитетот им го знаевме, особено на овој човек, кој работеше уште и пред тоа.

Значи ним им требаше медиум со кој ќе се парира. Нова Македонија по многу нешта не беше реформирана, со старински сфаќања, но со професионални новинари пар-екселанс, кои и денеска „дрмаат“. И никогаш во стани-падни ситуации немаше да застане „на оваа страна“. Да речеме кога ние салата ги направивме Крсте и Стево Црвенковски по атентатот над Глигоров, кога на невидено ги обвинија ВМРО ДПМНЕ како извршители на атентатот, тоа Дневник не може да се пофали. Никогаш, нити ќе се пофали.

Ама, Дневник успешно војуваше против одбраната на Република Македонија во 2001 година. Бранителите ги прогласи за криминалци, а криминалците и терористите за интелектуалци со книги и борци за човекови права. Објавуваше државни тајни на прва страница. Се залагаше Уставната преамбула да се смени во време на војна. Таков медиум ви е „Петта колона“. Таков медиум ви е тоа што се случува во Украина.

Значи Фрчкоски го формирал „Дневник“?

-Фрчкоски, не друг. Фрчкоски со пари и интереси на Сорос. Тие се врзани. Да не заборавиме, Сорос е агент на ЦИА, и тоа тој не го крие, си има специјални задачи, тоа се легитимни позиции. Во МВР тогаш се напикаа едно чудо агенти. Имавме и министер на МВР кој примаше плата од ЦИА, сте го заборавиле- вели во интервју за Република, новинарката Мирка Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top