| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 30 затрупани во рудник во јужна Турција

турција

Најмалку 30 рудари остана затрупани денеска длабоко под земја по ескоплозија во рудник за јаглен во јужна Турција. Причината за експолозија се уште не е позната, јавија турските медиуми.

Инцидентот се случил во рудник во реонот на градот Ерменк во областа Карман.На местото на настанот веднаш простигнале спасувачки екипи.

Во несреќа во рудник во градот Сома во западна Турција во мај годинава, загинаа 301 рудар, што претставува најголема рударска несреќа во турската историја.

Според Меѓународната организација на трудот (ИЛО), Турција се наоѓа на трето место по смртноста на работници на работните места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top