| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Вработени 4.300 млади лица за само 8 месеци

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 85 седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 28 февруари 2014 година даде поддршка и ги изгласа измените на Законот за вработување и осигурување, предложен од Владата на Република Македонија. Со оваа измена во Законот, Собранието на Република Македонија воведе можност за субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години, истакна Весна Пемова, пратеник во Собранието на Република Македонија.

– Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да изразиме задоволство од податокот дека мерката со која се врши субвенционирање на вработување на млади лица бележи значителни и охрабрувачки позитивни резултати. Токму она што сакавме да го постигнеме. Она што беше наша цел – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа мерка предвидена со измената на Законот од 28.02.2014 година, досега се вработени околу 4300 млади лица што е значителна бројка ако се земе во предвид дека измените на законот за враборување и осигурување во случај на невработеност во Собранието на Република Македонија беа донесени пред само 8 месеци.

– Бројката од 4300 нови вработувања на млади лица за само 8 месеци ни покажува дека поддршката што ја дадовме како пратеници за оваа мерка беше и сеуште е од голем интерес за граѓаните. Впрочем за тоа сме избрани од граѓаните на Република Македонија да работиме и да ги застапуваме нивните интереси. Со изгласувањето на оваа мерка направивме значително олеснување за работодавачите и ги охрабривме и мотивиравме да се посветат на вработување на млади лица во своите компании. Како што знаете оваа мерка трае до 2016 година односно овие резултати се очекува да бидат уште поголеми. Затоа ги охрабруваме сите работодавачи и сите млади лица до 29 години да ја искористат оваа шанса и да се стекнат со вработување кое би влијаело на нивниот стандарт – велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека токму ова прашање, можноста за вработување на младите е едно од најчесто поставуваните прашања што ние како пратеници ги добиваме од граѓаните на сите наши теренски посети и средби со граѓани. Затоа овие позитивни резултати не охрабруваат да продолжиме да бараме решенија и можности за надминување на сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ со кои се покажува грижа кон младите односно се излегува во пресрет и се стимулира вработувањето на млади лица сигурно дека ќе продолжи и понатаму, а ние како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како избраници на народот секогаш ќе бидеме оние кои ќе помагаме  ваквите мерки да бидат реализирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top