Просечната исплатена нето плата во август изнесувала 21.217 денари, што е зголемување од 0,5 проценти во споредба со истиот период 2013 година.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, зголемување има во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,9 проценти, Градежништво за пет проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,8 проценти.
Зголемување од 0,3 проценти има и кај бруто платата која изнесувала 31.080 денари.
Според статистичките податоци, зголемувањето се должи пред се на покачувањето на платата во секторите Стручни, научни и технички дејности за 7 проценти, Градежништво за 4,6 проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,2 проценти.
Плата не примиле 1,4 проценти од вработените во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.