Ако властите во Киев, кои извршија преврат, не прибегнеа кон насилство, во Украина немаше да има криза во сегашните рамки, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
– Убеден сум дека ако извршителите на превратот врз киевските власти не употребеа сила и ако го почитуваа договорот за смирување на ситуацијата, потпишан на 24 февруари, немаше да има никаква криза во Украина во сегашните рамки – изјави Лавров за телевизискиот канал „Лајф њуз“ и за весникот „Известија“.
Според него, Русија се надева дека по парламентарните избори во Украина ќе преовлада здрав, прагматичен и неагресивен приод. Лавров смета дека е близу до решавање на конфликтната ситуација и оти двете страни ќе почнат и да го повлекуваат тешкото оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.