По одличниот почеток на сезоната и дури 10 освоени бода во првите четири кола, Астон Вила падна во голема криза на која не ѝ се гледа крајот бидејќи синоќа во Лондон беше поразена од последнопласираниот КПР со 2-0.
Она што е интересно е дека клубот од Бирмингам на сите пет натпревари на кои загуби не успеа да постигне ниту еден гол.
Со двата гола на Остин во 17. и во 69. минута, Квинс Парк Ренџерс му го предаде фенерот на Барнли бидејќи сега има седум бода, односно три повеќе од сега последниот Барнли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.