Мисијата на ЕУ во Косово – Еулекс ги истражува тврдењата дека некои нејзини службеници земале поткупи, за да ги отфрлат обвиненијата против лица на кои им било судело во Косово, објави приштинскиот весник „Коха диторе“. Еулекс кусо одговори дека не може да зборува за актуелна истрага или за протечени документи, поврзани со неа, додавајќи дека „тврдењата ќе го добијат потребниот одговор“.
Еулекс е најголемата и најскапата странска мисија на ЕУ. Таа се занимава главно со случаите на организиран криминал, корупција и воени злосторства во Косово, што се сметаат за пресериозни за да им се доверат на локалните обвинители и судии. Освен тоа, мисијата им помага на локалните власти во обуката на кадри и во зголемувањето на професионализмот и независноста на правосудството.
Тврдењата за корупција во Еулекс се појавија денеска во водечкиот приштински дневен весник „Коха диторе“. Цитирајќи определени документи, весникот пишува дека едно од стопираните дела, во кои биле вмешани високи косовски службеници, се однесувало на убиство, а други две на корупција. Извор од Еулекс изјавил дека овие тврдења „веќе и биле познати на Мисијата“ и протекле од обвинител на Еулекс, кој веќе е отстранет од должноста поради „објавување документите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации