Најмалку 20 лица се повредени при експлозија во индустриска зона во Анкара, а тројца од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба, соопштија локалните власти.
Според соопштението, експлозијата се случила во фабрика за производство на вештачки мраз во индустриската зона и веројатно била предизвикана од компресија на јаглерод диоксид во танкер со гориво. По експлозијата магла од гасот истекува надвор од објектот.
Очевидци тврдат дека експлозијата била почувствувана како земјотрес.
Причинета е значителна материјална штета и на производствените објекти во околината, а спасувачките операции продолжуваат.
На местото на инцидентот веднаш се испратени противпожарни и возила за медицинска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.