| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик среде час убил наставничка

ubistvo estonijaЕден ученик денеска во училиште во јужна Естонија на часот по германски јазик пукал со огнено оружје кон неговата наставничка и ја убил, соопшти естонската полиција.

– Се претпоставува дека напаѓачот е 15-годишно момче, изјави портпаролот на полијата Тули Харсон.

Момчето се наоѓа во притвор, а во инцидентот, кој се случил во градот Виљанди, околу 160 километри јужно од главниот град Талин, нема повредени лица, јавуват естонските медиуми.

– Убиството се случило за време на час, кога во училницата се наоѓале четири или пет ученици, додаде Харсон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top