Акционерското друштво „СЕЕ Линк“ (SEE Link) формирано од берзите на Бугарија, Македонија и на Хрватска, ќе објави тендер за изградба на електронски систем за извршување на налозите. Во јули Европската банка за обнова и развој и „СЕЕ Линк“ склучија договор со кој банката се обврзува да обезбеди грант за воведување на електронскиот систем. Вредноста на електронскиот систем изнесува 250.000 евра. Реално тендерска постапка се очекува да почне до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



