| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот саем за „Купи куќа, купи стан“ го посетија над 50.000 посетители

stan

Повеќе од 50.000 посетители во изминатите три дена се информирале за проектот „Купи куќа, купи стан“ на Првиот саем што за овој проект се одржува во Скопје сити мол.

Саемот почна на 24 овој месец, а заинтерисираните на едно место можат да добијат информации за становите кои се нудат и се вклопуваат во овој проект, како и за можноста за добивање на субвенционираниот кредит преку комерцијалните банки.

Граѓаните пројавуваат интерес за проектот и го оценуваат како одличен. Според посетителите, понудите се интересни. Го посетиле саемот за да соберат повеќе информации и да донесат одлука. Некои се за да обезбедат прв сопствен дом, а некои за да добијат поголем комфор и да купат поголем стан од тој што го имаат.

Градежните компании, исто така, посочуваат дека интересот бил голем и дека дневно поминувале и по 20.000 посетители.

Проектот беше промовиран во 2012 година. Досега 340 лица го решиле своето станбено прашање, а финансиската помош е 2,5 милиони евра. Поради интересот, проектот ќе продолжи и наредната година. На граѓаните им се нудат два модела – половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. Вториот модел е учество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top