| четврток, 6 декември 2018 |

Дилма Русеф реизбрана за претседателка на Бразил

Дилма Русеф

Дилма Русеф

Дилма Русеф е реизбрана за претседателка на Бразил, покажуваат официјалните резултати, информираат светските агенции.

Русеф води со мала предност со 51,45 проценти од гласовите пред противникот Аесио Невис, кој беше поддржан од 48,55 проценти од избирачите при преброени 98 отсто од гласовите.

Новиот мандат на Русеф ќе почне на 1 јануари 2015 година и ќе трае до крајот на 2018 година, со што продолжува управувањето на левата Партија на работниците, кое започна во 2003 година. Невис загуби со проектот за преминување кон либерален економски модел и од 2002 година тој е четвртиот последователен кандидат од Бразилската социјалдемократска партија, кој ги губи претседателските избори.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top