| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе ќотек од хокеј, патки против ајкули во НХЛ со епилог од 165 казнени минути (видео)

Повеќе ќотек и прекини, отколку квалитетен хокеј имаше ноќеска на дербито меѓу Анахејм дакс и Сан Хозе шаркс во НХЛ лигата. Мечот го одбележаа грубости, тепачки и дури 165 казнени минути вкупно за двете екипи.

Тупаниците беа на готовс уште од стартот, а се почна со тепачката меѓу Џекмен и Скот во третата минута. Двајцата хокеари добија казна од по пет минути, но тоа беше само почеток на хаосот на мразот во Анахејм.

До крајот домаќините, или популарните патки од Анахејм заработија 90 казнени минути, а ајкулите од Сан Хозе принудно одмараа цели 75 минути. Имаше дури 7 исклучени хокеари кои немаа право да го продолжат мечот што заврши со победа на Сан Хозе со 4-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top