Три лица денеска се уапсени во „Сити мол“ во Скопје. Според првичните информации, се трага по шест лица, од кои три се уапсени во кафуле во скопскиот трговски центар. Се работи за група изманинци. Тие заработувале преку доделување возни редови од Министерството за транспорт и врски. Измамиле повеќе граѓани од кои, на едно лице од Струга му зеле 10.000 евра. Лажеле сопственици на превозни компании дека работат во Министерството за транспорт и врски. Првоосомничениот лажел дека е директор, додека втооосомничената дека му е секретарка. Другите ги изработувале фалсификуваните документи.
Во МВР најавија повеќе информации за подоцна.
ДЕТАЛИ ОД АПСЕЊЕТО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.