| четврток, 6 декември 2018 |

Роботи ќе заземат 3 милиони работни места

Real-Humans robotsПроцесот на роботизација во француските фирми до 2025 година би можел да предизвика укинување на повеќе од три милиони работни места, покажуваат резултатите од студијата на истражувачката куќа „Ролан Бержер“.

– Роботизацијата ќе ги опфати речиси сите сектори, од земјоделството, до полицијата и хотелите, а ќе бидат поштедени здравството, образованието и културата, се посочува во студијата.

Според предвидувањата, во технолошки трансформираното општество стапката на невработеност би можела да порасне од сегашните 10 на 18 проценти.

Авторите на студијата потенцираат дека забрзаната роботизација нема да има само негативни ефекти. Се очекува раст на продуктивноста, како и пораст на приватните инвестиции за околу 300 милијарди евра.

Во моментот Франција има 34.500 роботи, Италија – 62.000, а Германија – 150.000 роботи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top