| четврток, 6 декември 2018 |

Боксерки што ја штитат машката плодност

1414026835163_wps_2_Businessman_detail

Компанија со седиште на Менхетен пушта во продажба боксерки за мажите загрижени за својата плодност – специјалната долна облека им ја штити семената течност од штетните зрачења кои ги емитуваат мобилните телефони.

Боксерки „Радиа шилд“ на компанијата „Бели армор“ се со вградени сребрени нишки кои го блокираат штетното зрачење на телефоните и гарантираат заштита на машките полови органи и подобро репродуктивно здравје.

Специјалната долна облека е дизајнирана откако истражување на американското друштво за репродуктивна медицина покажа дека употребата на мобилни телефони го намалува квалитетот на семената течност.

Исто така, се покажа дека многу мажи не се свесни за штетното влијание на телефоните врз сперматозоидите.

Boxer-Brief1

Цената на боксерките „Радиа шилд“ е 49 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top