| четврток, 6 декември 2018 |

Ница приреди шоу со 7 гола, Едуардо блесна со петка и асистенција (видео)

Ница приреди вистинско гол-шоу против Гингамп во француското првенство и го декласира домаќинот со 7-2. Блесна бразилскиот ас Карлос Едуардо кој си поигра со ривалите и им даде 5 погодоци, а притоа имаше и една асистенција. Едуардо е на позајмица во Ница, каде стаса од португалскиот клуб Порто, а вчера едноставно доминираше на теренот.

Од 12. минута почна шоуто на 25-годишниот играч за врска на Ница со прв погодок, а до крајот на првото полувреме Едуардо веќе имаше хет-трик. Во вториот дел тој постигна уште два гола, еднаш му асистираше на Пли, а уште еден погодок постигна Ботик. Генгамп доживеа дебакл и еден од највисоките порази во својата историја, а срамот е уште поголем, ако се знае дека овој тим ја претставува Франција на европската сцена и игра во Европа Лигата на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top