Џеб Буш, синот на претседателот Џорџ Буш постариот и брат на претседателот Џорџ Буш помладиот, најверојатно ќе се кандидира на следните американски претседателски избори, изјави неговиот син Џорџ П. Буш.
Џорџ П. Буш, кој се кандидираше за функција во Тексас, изјави дека неговиот татко „се уште“ размислува за претседателската кандидатура, но дека изгледа ќе се кандидира.
Поранешниот гувернер Џорџ Буш републиканците сакаа да се кандидира на изборите во 2012 година, но тој тоа го одби. Според Џорџ П. Буш неговото семејство ќе биде целосно со неговиот татко, ако одлучи да се кандидира за претседател. Џорџ П. Буш (38) се кандидира за комесар за земјиште во Тексас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.