| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн: Би сакал да играм со Стив Неш

Плејмејкерот на Лос Анџелес Лејкерс, Стив Неш неодамна соопшти дека поради повреда на грбот ќе мора да ја заврши НБА сезоната пред да започне.

Бидејќи 40-годишниот плејмејкер се наоѓа во последната сезона од договорот, неговата одлука значи дека тој ќе ја заврши кариерата. Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс неодамна говореше за влијанието на канадскиот кошаркар во НБА лигата.

– Тоа што го направи Стив Неш додека играше за Феникс е неверојатно. Начинот на кој Стив Неш играше кошарка ме тера да сакам да имав можност да бидам негов соиграч неколку сезони. Да си во друштво на таков играч е привилегија, бидејќи на Неш тимот му е на прво место – изјави Џејмс.

– Тој никогаш не бараше ништо од никого. Никогаш не му беше дадено нешто што не го заслужил. Секој човек мора да ги почитува таквите работи – додаде Џејмс.

Стив Неш во неговата кариера два пати ја освои МВП титулата во 2005 и 2006 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top