Германскиот новинар и писател Удо Улфкоте, кој крена прав во германската јавност со книгата „Поткупени новинари“, тврди дека Америка и Саудијците го користат исламот насекаде низ светот, но и во Германија за да ги дестабилизираат државите.
Тој ги толкува целите на исламот, на новинарите, на тајните служби, а во исто време најавува и граѓанска војна во Германија, која, според него, е неминовна.
Неговата теза е дека исламот не е само религија, туку и идеологија која може да ја разбере и најглупавиот.
– Тоа е рецепт за успехот на исламот и затоа групите од не толку интелигентни луѓе може да се управуваат како марионети, како во Ирак, така и во Германија – смета Улфкоте.
Тој, исто така, е со став дека во заднината на основањето на терористичката Исламска држава стојат САД, Саудијците, како и кувајтските и катарските интереси. Осврнувајќи се на Германија, тој вели дека земјата била демократска по Првата светска војна, во времето на Вајмарската република, а дека денес само симулира дека е демократија.
– Тоа е илузија, мамка за сетилата, затоа што Германија е банана-република и колонија на Америка. Германците немаат повеќе систем кој почива на христијанските вредности затоа што е намерно урнат дел по дел. А кој нема вредности, тој не може ниту да ги одбрани – истакнува новинарот.
Причината за граѓанската војна, која според него е неизбежна, ќе биде крахот на евросистемот, до кој ќе дојде кога Германците ќе мораат да ги гарантираат незамисливите долгови на другите членки на ЕУ.
– Тогаш ќе нема пари за пензионерите, но и за другите граѓани, како ни за муслиманите кои живеат од социјална помош, како што се 67 проценти од Ирачаните, речиси сите косовски Албанци, сите Авганистанци, Сиријци и други… – вели новинарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.