Супермоделката Наоми Кембел смета дека епидемијата од ебола е казна што Господ им ја испратил на луѓето.
Во моментов Наоми организира две добротворни модни шоуа за поддршка на жртвите од смртоносната болест. Убавицата многу се плаши да не се зарази со вирусот и е убедена дека за епидемијата се зборува во Библијата.
– Згрозена сум. Напишано е во Библијата дека ќе има чума и, според мене, тоа е таа – изјавила таа.
Четириесетгодишната британска убавица презема специјални мерки за да се минимизираат шансите да се зарази кога патува работно.
– Сакам скафандер. Дали може да одиме во НАСА и да си купиме скафандери. Не се грижам дали луѓето ќе ми се смеат. Пред некој ден се качив на авион со две маски за да се чувствувам заштитена. Ставив гумени ракавици и си го напрскав седиштето со средство за чистење. Ете тоа ќе го правам отсега секој пат штом ќе се качам во авион – изјавила Наоми Кембел во едно шоу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари
-
Другарка и и го украде момчето, а манекенката сега најде ново, кое не знае што да прави со парите