| четврток, 6 декември 2018 |

Поради загадениот воздух во Скопје ќе се вози пар-непар

Градот подготвува и проект за забрана на влез на тешки товарни возила на кои крајна дестинација не им е Скопје од 9 до 18 часот, воведување на посебен сообраќаен режим во Град Скопје за патничките возила, со исклучок на специјалните возила со можност за воведување на пар-непар или пренасочување по споредни улици избегнувајќи го центарот, пишува Вечер.  За да се примени оваа мерка во тек е измена на Законот за безбедност во сообраќајот.  Се предвидува и бесплатен автобуски превоз во услови кога 10 дена ПМ 10 е над 100 микрограми на метар кубен, како и вклучување на повеќе автобуси во услови на мерки од 2 степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top