| четврток, 6 декември 2018 |

Петка за Серена Вилијамс на ВТА шампионатите

Серена Вилијамс уште днаш потврди дека е најдобра тенисерка на денешницата и во финалето на ВТА шампионатот ја декласира Симона Халеп, за петта титула на завршните турнири во сезоната.

Во мечот за титулата Американката доминираше и со убедливи 6-3, 6-0 ја декласира Халеп. Интересно е што Романката имаше шанса да ја исфрли од игра Серена во фазата по групи, но не си дозволи луксуз да загуби од Ана Ивановиќ во два сета и заедно со Вилијамс се пласираше во полуфиналето.

Western and Southern Open

Потоа Серена ја победи Вознијачки за пласман во финалето, а Халеп беше подобра од Радванска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top