Дваесет и пет од 130 банки од еврозоната, кои беа подложени на стрес тест, не успеаја да го минат. Овој испит се спроведуваше во текот на 12 месеци од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската агенција за банки (ЕБА).
Тестовите покажаа дека 25-те банки кои не го минаа тестот, имаат потреба од капитал за одговор на кризи, кој се проценува на околу 25 милијарди евра. Дванаесет од овие банки веќе имаат направено потребното за да го пополнат, констатираниот за време на проверката, недостиг на средства. Остануваат 13 банки, кои треба да го зголемат својот капитал за ризични ситуации со 10 милијарди евра. Овие 13 банки треба за две недели да ја информираат ЕЦБ за тоа како планираат да соберат капитал, апотоа имаат девет месеци за и тоа да го направат.
На испитот не минале девет италијански банки и една германска финансиска институција. исто така, стрест-тестот не го прошле ниту три грчки, три кипарски, две словенечки, две белгиски и по една банка од Ирска, Австрија, Португалија, Франција и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени
-
НБРМ: Политичката криза и забавената економија ја намалија активноста во банките
-
Словенечки банки открија обид за перење пари од Русија


