| четврток, 6 декември 2018 |

Виетнам бара помош против ХИВ и СИДА

Vietnamese-HIVAIDSПотпретседателот на Виетнам Нгујен Доан побарал поголема стручна и финансиска помош на меѓународната заедница во напорите заспречување на ширењето на болеста ХИВ и СИДА, поради која во  Виетнам во последниве три години има меѓу 11 и 15 илјади жртви годишно.

Виетнамскиот политичар ваквото барање го соопшти по средбата со извршниот директор на програмата на Обединетите Нации за борба против ХИВ и СИДА Мајкл Сидбе, кој деновиве претстојува во неколку држави на југоисточна Азија.

Без меѓународната поддршка ни Виетнам, ниту другите држави од регионот не ќе можат да ја остварат програмата според која болеста треба да се искорени до 2030 година. Медиумите од овој дел на светот известуваат дека програмата за спречување на опасната болест до сега повеќе била концентрирана за помош на населението од Африка. Без меѓународна поддршка, се нагласува, овој дел на Азија и натаму ќе остане загрозено подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top