Почна зимското сметање на времето. Од 3 часот утрото времето се мери за еден час помалку, односно часовникот беше поместен на 2. Со тоа во недела 26 октомври, се доби еден час повеќе спиење наутро и дневна светлина во работното време од понеделник.
Последно менување на времето во Велика Британија?
Ова можеби е последен пат велика Велика Британија да заостанува зад континентална Европа, откако пратеници и академици го поддржуваат префрлување на централно европско време. Неколку пати до сега постоеле обиди Британците да се прилагодат на европското време, а последен пат тоа се случуваше во 2010 година. Поддржувачите аргументираат дека со дополнителната светлина во тие 60 минути навечер може да значат помалку сообраќајни несреќи. Противниците пак се држеа до безбедноста на децата во раните утрински часови додека одат на училиште.
Шкотска пак би можела да заостанува цел час зад Велика Британија ако се спротистават да го мерат времето заедно со Европа, а во земјата тече и петиција за запирање на менувањето на времето.
Што треба да се направи
Лесно е да се заборави да се смени часовникот. Електронските уреди поврзани на интернет како мобилни телефони, лаптопи и таблети тоа ќе го сторат автоматски. Другите часовници ќе треба да ги прилагодите рачно.
Влијание врз биоритмот
Навидум малата промена предизвикува последици во биоритмот кај луѓето. Истражувањата во неколку сфери покажуваат поголемо влијание при промена кон летното сметање на времето кога „се скратува сонот“ за еден час.
Така на пример шведски научници укажуваат дека при пролетната промена бројот на срцеви удари се зголемува за околу 5 проценти во однос на годишниот просек, а тоа се должи на скратеното спиење во првата недела и ненаспаноста која го зголемува лачењето на хормоните на стрес.
Научно истражување пак докажало дека заради скратеното спиење во првата недела при пролетната промена на сметање на времето влијае на зголемениот број на повреди на работа за 5.7 проценти. Такви ефекти пак нема при преминувањето во зимско сметање на времето.
Промени има и кај „личниот“,„биолошкиот часовник“ што влијае врз расположението, диетата и исхраната, спиењето и другите функции. Како најчест пример кај чувствутелните се земаат главоболките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали е ова последно менување на стрелките на часовникот?
-
Ќе бидеме подебели, поглупи, помрзоволни: Ова се последиците од укинување на сезонското сметање на времето!
-
Часовникот на Музеј на град Скопје покажува 6.17 наместо 5.17, од кабинетот на Шилегов не знаат како се поместиле
-
Колку е опасно по здравјето поместувањето на стрелките на часовникот?


