| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во училиште во САД, учителка спречила масакар

masakar

Ученик со вооружан со пушка убил еден соученик, во градот Марисвилеј во државата Вашингтон, САД, ранил четворица, а потоа се самоубил.

Локалните медиуми објавиле  дека масакрот би бил поголем, доколку храбрата наставничка Меган Силбергер во моментот додека убиецот Џулиен Фрисберг (15) го менувал шаржерот таа го фатила за рака и го спречила да продолжи со крвавиот пир. По ова убиецот си пукал во вратот. 

Пукањето се случило во училишнниот ресторан кога младиот и мирен ученик од индијанското племе Тулалип влегол во преполната менза и почнал да пука. Тој наводно се одлучил да го изврши ова злосторство поради тоа што бил исфрлен од училишниот рагби клуб. Тој бил изложен на потсмев и шеги од неговите другари од одделението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top