| четврток, 6 декември 2018 |

Во Валандово се испекоа 300 литри ракија

rakijada

На традиционалната валандовска ракијада на која мајсторите за варење ракија од целиот регион ги покажаа своите вештини беа испечени 300 литри ракија.

Градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски вели дека оваа манифестација претставува одлична можност за промоција на општината но и традицијата на регионот која се негува со генерации наназад.

-Општина Валандово во делот на бившите југословенски простори има најмногу сончеви денови, околу 296 сочневи денови. Спрема тоа што Југоисточниот плански регион е еколошки чист регион без никакво загадување, а знамеме дека квалитетот на грозјето го даваат сончевите денови денеска се вари најквалитетната ракија во Република Македонија- рече Николче Чурлиновски – градоначалник на општина Валандово

На петнаесетата валандовска ракијада учествуваа вкупно 40 натпреварувачи со дваесет казани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top