| четврток, 6 декември 2018 |

Маж повеќе пати полово нападнал 8 годишно девојче, пробал да ја силува и нејзината сестра

Четириесет и едно годишна годишна жителка од Валандово вчера пријавила дека 55-годишен маж од село Пирава, во повеќе наврати во период од еден месец, извршил полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка.

– И втората ќерка на пријавителката, 15 – годишна малолетничка, им раскажала на родителите дека истото лице во неколку наврати се обидел истото да и го направи и на неа, но таа успеала да избега, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top