| четврток, 6 декември 2018 |

Иран: Го убила мажот бидејќи ја силувал, па ја обесиле

besilka-2-trhrt6h65u56u5

Млада Иранка денеска беше егзекутирана со бесење заради тоа што го убила мажот кој ја силувал. Егзекуцијата беше извршена и покрај напорите на меѓународната заедница да го спречи бесењето.

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ синоќа објави дека 26-годишната Рејхане Џабари ќе биде егзекутирана, која во јули беше осудена на смрт заради убиството на Мортез Абдолали Сарбанди- хирург и поранешен службеник во министерството за разузнавање, извршено во 2007 година.

Експерт од ООН тврди дека Сарбанди ја нападнал физички и сексуално младата жена, која во обид да се заштити го прободела со нож, по што избегала и се обидела да повика возило за Брза помош.

По многубројните повици на меѓународната заедница против смртната пресуда, иранскиот суд неколку пати ја одложуваше егзекуцијата во обид да издејствува простување од семејството на жртвата – кое според исламскиот закон дозволува осуден на смрт заради убиство да биде помилуван и да служи затворска казна.

Семејството на Сарбанди одби да прости.

Во 2013 година најмалку 500 лица биле егзекутирани во Иран, најчесто поради шверц на наркотици, покажуваат податоците на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top